Сѐ за
Poxilina®

Poxilina® минути е двокомпонентен епоксиден кит кој издржува изложеност до 80 °C без да ги промени своите својства. За негова правилна употреба, ви препорачуваме да ги имате предвид следниве совети.

Површините што сакате да ги поправите со Poxilina® треба да бидат чисти, суви и без прашина или ‘рѓа.

По нанесувањето, почекајте најмалку еден час пред да го изложите спојот на напрегање.

По завршување на поправката со Poxilina®, почекајте еден час пред да го пуштите протокот на течност. Поправката достигнува максимална отпорност откако ќе поминат 24 часа.

Остатокот од Poxilina® 10 минути кој не бил измешан може да се чува добро затворен за подоцнежна употреба.

Poxilina® издржува изложеност до 80 °C без да ги промени своите својства.

Poxilina® не смее да се користи кај гасоводни цевки.

При поправка на некоја цевка, не заборавајте да го затворите протокот на течност и добро да ја исушите површината.

Пред нанесување на Poxilina® минути, ви препорачуваме да ја избрусите и да ја исчистите површината со алкохол или терпентин за да се отстранат остатоците од маснотија, масло, корозија или остатоците од брусењето.

Ако сакате да затворите некоја дупка, подобри резултати се постигнуваат ако Poxilina® навлезе во самата дупка.

Откако ќе завршите со поправката, измијте си ги рацете со големо количество вода и сапун.

Откако ќе се исуши, на Poxilina® може да се нанесат различни видови боја и може да се дупчи, да се бруси и да се сече со пила.

Poxilina® не смее да се нанесува на луѓе и/или домашни миленици или да биде во контакт со храна.

Пролонгиран контакт на производот со кожата може да предизвика иритација. Ви препорачуваме да користите ракавици.

Ако работите без ракавици, ви препорачуваме веднаш да ги измиете рацете со големо количество млака вода и сапун.

Содржи епоксидна смола и терцијарен амин.

Да не се проголтува. Да се чува надвор од дофат на деца и домашни миленици.

Видете што сѐ можете да залепите co Poxilina®

Сакате да споделите некоја поправка
што сте ја извршиле со помош на Poxilina®?

Испратете ни видео или фотографии од поправката,
раскажете ни како сте ја направиле и ние тоа ќе го објавиме.
Како да го направите тоа?
Многу е лесно: Снимете се како ја правите поправката и испратете ни го видеото по е-пошта со наслов: „Јас користам Poxilina®“, внесете ги вашите лични податоци за да може да стапиме во контакт со вас, и ако нашите експерти го објават, ќе го објавиме со ваше име на нашата веб-страница и на социјалните мрежи.